Актуелни вести, Соопштенија|

Почитувани,

Би сакале да ве информираме дека Фонд за иновации и технолошки развој го објави новиот јавен повик „Со дигитална трансформација до иновација” кој се реализира во соработка со Increasing Market Employability – IME и ИНОФЕИТ ДИХ.

Повикот е наменет за мали и средни претпријатија од земјоделско-прехранбениот и туристичкиот сектор. Целта е да се овозможи зголемување на иновативноста и конкурентноста на претпријатијата преку воведување на дигитални решенија кои ќе водат кон дигитална трансформација во нивното работење. Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на следниот линк:

https://fitr.mk/digitalna-transformacija/

Распоред на инфо сесии:

Со цел подобро информирање за условите и критериумите за аплицирање, ќе бидат организирани неколку инфо сесии во повеќе градови низ државата. Првата ќе се одржи на 26.01.2023 (четврток) во Охрид. Повеќе информации на следниот линк –

https://www.facebook.com/events/5775200955882864/?ref=newsfeed

 

 

Close Search Window