Актуелни вести, Соопштенија|

Се известуваат жителите од населените места во Општина Могила (с.Свето Тодори, с.Трап, с.Будаково, с.Ношпал, с.Добрушево, с.Трновци, с.Мусинци, с.Долна Чарлија, с.Алинци и с.Дедебалци) кои на ден 29.05.2022 година и 06.06.2022 година претрпеле штета од природна непогода (град), , истите да поднесат барање за проценка на штета во просториите на Општина Могила.
Во прилог на барањето потребно е да се достави:
• Имотен лист (не постар од еден месец)
• Договор (доколку парцелата е под закуп)
• Копија од лична карта
• Копија од трансакциска смета
Врз основа на доставените барања, Комисијата за процена на штети од природни непогоди и други несреќи од Општина Могила, ќе изврши проценка на штетите на терен, по што ќе биде соодветно постапено.
Барањата можат да се доставуваат од 13.06.2022 година (Понеделник) до 22.06.2022 година (Среда) од 07:30 до 15:30 часот.
Општина Могила
Close Search Window